ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев

Од:

„Остануваат уште три недели до најавеното потпишување на договорот со Бугарија, а јавноста единствено што знае е подготвеноста на Заев да ги брише учебниците по историја.

Додека Заев најавува бришење на учебниците пратеникот во Европскиот Парламент, Андреј Ковачев јавно без тронка срам изјави дека Македонија има 100% фалсификувана историја. Тоа според Ковачев е основата на која се базира договорот за добрососедство кој Заев го договори во Софија.

Заев молчи на сите изјави дадени од бугарски функционери кои претставуваат директен напад врз Република Македонија иако тој како премиер е должен да ја брани Република Македонија и да работи во нејзин интерес.

Македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев, бидејќи експертите од Бугарија толкуваат дека со договорот се става крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС.

Уште поскандалозно е што на сето ова МАНУ како највисока стручна и научна институција во државата нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија, кој Заев го преговараше во Софија. Неприфатливо е МАНУ да замижува пред нетранспарентноста на Владата.

Таки Фики како претседател на институција со најголем научен потенцијал во Македонија треба од Заев да побара увид во договорот кој е од особено значење за државата.

Молкот на МАНУ и на Таки Фики за вакви суштински прашања, отвора простор за нови напади и нови омаловажувања.

ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски