А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалецот мисли дека се сите криминалци како него

by А1он26/06/2016 - 14:15208
Share0

Криминалецот мисли дека се сите криминалци како него. Оваа позната максима денес ја потврди аболицираниот криминалец Зоран Заев кој сеуште се крие зад помилувањето на Црвенковски за кражба на 8 милиони евра. Единствениот политичар кој е спасен од одговорност за направениот криминал мисли дека ако тој краде при организирање на превозот во Струмица и плаќа двојно повисоки цени отколку Токио, целата држава функционира така.

Добивај вести на вибер

Граѓаните знаат дека не се сите исти и дека криминалот што го прави и барањето поткуп за него и Вицето, Зоран Заев не може да го оправда со пласирање на лаги и манипулации.

Зоран Заев даде уште едно празно и конфузно интервју потценувајќи го народот. Народот добро го памети аболицираниот криминалец Заев кој се закануваше дека ќе избркал од чистачка до директор и ќе се пресметал со цела администрација која не се согласува со деструкцијата на СДСМ. Народот добро го памети аболицираниот криминалец Заев кој велеше дека мора да се свитка кичмата во преговорите за името. Народот добро го памети аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ја промовираше идејата за официјализирање на албанскиот јазик на целата територија како втор државен јазик.

СДСМ нема ниту програма, ниту проекти кои може да им ги понуди на граѓаните. Затоа мислат дека колку поголемо лажно ветување ќе дадат, толку повеќе ќе ги убедат граѓаните. Не сфаќаат дека шарените лаги во стилот на „по еден вработен од секое семејство веќе не минуваат“. Доколку се договорат меѓу себе може да ветат и 1000 евра минимална плата, но вработените во фирмите на Заеви знаат колку на аболицираниот политичар му држи зборот.

Затоа СДСМ бега од избори. Не можат да понудат ништо освен деструкција и продолжување на кризата. Не можат да смислат ништо повеќе од демолирање и ограбување на институции, уривање на споменици и напади врз полицијата и граѓаните. Тоа е СДСМ денеска. Единствена партија која е водена од политичар аболициран за криминал.

СДСМ нема да може вечно да бега од избори и да смислува апсурдни изговори. Порано или подоцна ќе мора да се соочи со народот и ќе биде жестоко поразен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски17/05/2021 - 13:4617/05/2021 - 13:48

ВМРО: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите

Катерина Ѓуровски04/02/2021 - 11:34

(ВИДЕО) Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот

Катерина Ѓуровски30/01/2021 - 14:37

Мицкоски од Пробиштип: СДСМ и Заев се минато завршено време и никогаш повторено, Македонија е разбудена

А1он12/07/2020 - 20:14

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на Советот на министри, ние на брза трака ќе ја внесеме државата во ЕУ

А1он24/03/2020 - 16:09

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за обвинувањата за имоти што не ги поседувам

А1он03/03/2020 - 16:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен