ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот?

Од:

Коалицијата Тачела составена од Ковачевски и Арсовска е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? Се користи ли ЈСП за коалициски комбинаторики? ЈСП е еден од стожерите на коалицијата на неврзаните (СДС – ДУИ – Левица) велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Данела Арсовска првин го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП. Стојковски е кадар на СДС, што се потврдува и од фотографии на кои тој е сликан во централниот штаб. Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса. Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници. Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа. Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела