ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се откажеме веднаш од техничка влада, доколку криминалната партија ДУИ нема технички премиер

Од:

Би било срам за државата, партија од типот на ДУИ, каде криминалот со СДС им е секојдневие, да има технички премиер. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно веднаш да се откаже од техничка влада, доколку се откаже ДУИ од технички премиер.

ДУИ е партија, која е синоним за криминал во Македонија, партија каде нивниот претседател Али Ахмети, приграби милиони, за себе и своето семејство и има внуци со „претприемачки дух“, кој купува вредни имоти во центарот на Скопје од 30 милиони евра.

Партија каде Артан Груби отвора коцкарници, со матни типови од Бугарија, брат му купува дуќани во строгиот центар на Скопје, хотели на Попова Шапка, а тука се и милионските кирии, кои ги плаќа Лотарија.

Партија каде, Бујар Османи, дели милионски тендери на донатори на партијата, а директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, откако го прекрши законот и не го пријави својот имот, ги обвини вработените од човечки ресурси дека биле криви.

Ваква потоната партија во криминал, не смее да има обичен чиновник во владата, а камоли технички премиер, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември