ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и рефундирање на парите за граѓаните што морале да се лекуваат во приватна болница

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид-19 во приватните болници, најави Ели панова пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Неспособноста на Филипче и Заев резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати. Голем дел од нив не можеа на време да се тестираат, немаа лекови, чекаа за во болница, а 1.700 починаа од јануари до сега, чекајќи вакцина. Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници – рече Панова.

Таа додаде дека ќе предложат и сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство,

– Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна. Со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство – вели Панова.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Состојбата во градинките е добра, предлог бројот на децата да се зголеми од 15 на 20

Ана Ололовска

Министерката Шахпаска се вакцинираше против Ковид-19: Да се вакцинираме сите и да излеземе побрзо од пандемијата

Ана Ололовска

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 748 пациенти

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти

Ана Ололовска

Скратен полициски час, подолго ќе работат кафеаните, се отвораат теретаните, нови најави за помали рестрикции

Ана Ололовска

Состојбата со Ковид-19 се смирува, над 500 илјади вакцини ќе пристигнат месецов, колективен имунитет до крајот на летото

Ана Ололовска