А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева влезе во политичка кампања

by А1он18/11/2016 - 14:01120
Share0

„Катица Јанева денеска ги потврди сите сомнежи на граѓаните на Република Македонија дека е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата намера да ја редефинира и федерализира Република Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот што го има Грција со нашето име и за сите останати отворени прашања со соседите.

Добивај вести на вибер

Дека е тоа така, очигледно е и од последното интервју на аболицираниот Зоран Заев за Фокус каде тој ја најави денешната прес конференција до последен детал.

Целта на денешната прес конференција на Катица Јанева беше само една, да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот.

Катица Јанева денеска не објасни како Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани. Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски. Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп комуникација за заштита и поддршка од чадорот, ниту скајп комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „Пучот“ кој бил подготвуван на Македонија.

Многу по чесно ќе беше кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesjo

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен