А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева се изживува со Владимир Талески, за неправдата некој ќе сноси одговорност

by А1он21/07/2016 - 17:11230
Share0

Ниту постои било каква вина кај градоначалникот Владимир Талевски, ниту пак тој се обиде во изминативе 30 дена да избега или да влијае на истрагата, откако по барање на Катица Јанева му беше изречена мерка куќен притвор. Напротив, Талески и вчера редовно се појави на покана на СЈО.

Добивај вести на вибер

Од чист политички реваншизам, само за да се задоволат деструктивните нагони на Заев и криминалците околу него, Катица Јанева без никаква причина побара на Владимир Талески да му биде продолжен притворот.

Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески, иако општина Битола во законска процедура плаќала по 4,2 денари од километар за ученик, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот партнер од Куманово Зоран Дамјановски плаќале многукратно поскап превоз.

Во ваквото однесување на Катица Јанева нема правда. Има само политички мотивирана пресметка со неистомислениците на Зоран Заев. За оваа неправда и за политичкиот прогон кој го гледаме некој ќе сноси законска одговорност.

Сега кога патот до изборите е чист и кога просторот за ново бегство на СДСМ е многу мал, паниката кај Заев и Катица Јанева е се поголема. Јасно им е дека единствената алатка во кампањата на СДСМ е партиското настапување на специјалното обвинителство и дека е тотално неуспешна и не поминува кај граѓаните, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ по продолжувањето на притворот на битолскиот градоначалник.

sjovladimir taleskivmro-dmne

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ каде го обвинуваше Владимир Талески за штета врз буџетот од 70 илјади евра

Кристијан Ландов27/01/2023 - 10:4727/01/2023 - 12:59

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов28/12/2022 - 14:2728/12/2022 - 14:35

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен