ВМРО-ДПМНЕ: Каналите во Гази Баба, Илинден и Петровец се чистат редовно

Од:

СДСМ продолжува со некрофилското и деструктивно однесување. Фабриките за афери на СДСМ повторно се ставени во служба на злоупотреба на трагедиите на луѓето погодени од поплавениот регион, врз чиј грб СДСМ сака и мисли дека ќе собира ситни политички поени. Бедно и срамно.

Каналите во општина Гази Баба, Илинден и Петровец се чистат редовно и тоа го знаат и советниците на СДСМ кои на седниците на советите на општините ги гледаат извештаите за исчистените канали и ги гласаат. Тоа што после 12 дена од поплавите, а не 14 како што велат, им се падна улогата да бидат портпароли на некрофилската фабрика за афери на СДСМ е само нивен проблем.

Тоа што СДСМ ОО Гази Баба не ни знае кога се случија поплавите прецизно зборува за мотивите на СДСМ во овој момент: нула грижа за граѓаните. Сета енергија е посветена на фабрикации и измислици. Трагедија е ваквото однесување на СДСМ. Нема граѓанин на Република Македонија кој не се срами од ваквото деструктивно однесување на опозиционата партија.

Од 2010 година од страна на општина Гази Баба се прави субвенционирање на жителите на општината во однос на обврската што ја имаат како водокорисници. Заклучно со 2016 год. издвоени се 26.600.000,00 денари кои секоја година сукцесивно се префрлаат на ЈП Водостопанство Скопско Поле за чистење и одржување на каналската мрежа.

Од страна на ЈП Водостопанство Скопско Поле до Советот на општината се доставува Извештај за нивната активност во текот на целата година.

– Во 2010 год. исчистени се 18650 метри
– Во 2011 год. исчистени се 14300 метри
– Во 2012 год исчистени се 17400 метри
– Во 2013 год. исчистени се 20500 метри
– Во 2014 год. исчистени се 16250 метри
– Во 2015 год. исчистени се 21300 метри
– Во 2016 год. според програмата планирано е да се исчистат 20700 метри каналска мрежа, од кои 10.700 се исчистени заклучно со месец јули 2016 година.

Во изминатиот период, се работеше и на изградба на фекални канализации, кои придонесоа да нема веќе септички јами, односно излевање на фекалиите во населените места, а се работеше на изградба и на атмосферски канализации во неколку населени места кои беа потенцирани како критични места. Во соработка со градот Скопје се направија две многу важни инвестиции, два нови колектори за атмосферска и фекална канализација, и тоа од пумпата во Тумба Маџари кон Инџиково и од пумпата во Маџари кон реката Вардар. Со ова се овозможи и во време кога нема струја, фекалните и атмосверските води да се движат кон реката Вардар.

Во н. Ченто во соработка со градот Скопје се направи уредување на главниот канал и се поставија цевни пропусти за одведување на поголема количина на вода. ЈП за државни патишта непосредно до клучката во Стајковци изгради мало вештачко езеро кое ги прифаќа атмосверските води, но кога има нормални врнежи. На потегот Брњарци, Страчинци и Арачиново се одвиваше последната голема акција за пошумување, со што би се спречила ерозијата на земјиштето при поголеми врнежи.

Советниците на СДСМ добро ги знаат сите овие информации, но џабе, бидејќи секогаш кога има простор за некрофилија и деструкција СДСМ се труди со сите сили да ја искористи, според насоки од фабриките за афери на Бихаќка.

Ваквото катастрофално однесување на СДСМ ќе биде казнето од граѓаните на првите избори на кои СДСМ ќе собере храброст да се појави.

Би можело да ве интересира

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски

ВМРО: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите

(ВИДЕО) Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот

Мицкоски од Пробиштип: СДСМ и Заев се минато завршено време и никогаш повторено, Македонија е разбудена

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката на Советот на министри, ние на брза трака ќе ја внесеме државата во ЕУ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за обвинувањата за имоти што не ги поседувам

А1он