ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата за „Рекет“ е фарса, целта е да се одвлече вниманието од Заев

Од:

Истрагата во случајот Рекет е фарса, која има за цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен.

Случајот е пријавен уште во април, по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев.

На Јанева смислено и беше оставен 1 месец откако беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец, за истата да има доволно време да сокрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата, како би се уништиле трагите кои водат кон неа к кон главата
на октоподот – Зоран Заев.

После месец дена откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци.

Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат? Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата
на Стево Пендаровски!?

ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?