ВМРО-ДПМНЕ: Инциденти на етничка основа им одговараат единствено на СДСМ за да го прикријат неуспехот

Од:

„Петре Шилегов повторно заборава дека три години е СДСМ на власт и повторно не знае што зборува,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое ја обвинуваат владејачката коалиција дека ги користи актуелните меѓуетнички инциденти за да ги покрие сопствените неуспеси.

Еве го во целост соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

„Единствената вина за меѓуетничките тензии и ситуацијата во која е доведена државата е кај СДСМ и оваа Влада. Ова е општествен проблем и го доведува во прашање однесувањето и одговорноста на институциите дали работат или воопшто не работат на превенција бидејќи најмалку три години се зборува и се пласира една флоскула „едно општество за сите“.

Корист од меѓуетнички тензии во моментов имаат само СДСМ кои крахираат на секој поглед и им доаѓа до израз неспособноста.

Ако лидерот на тепачите од Кале стана заменик – премиер со право на вето, каква ли порака испраќа СДСМ?

Ваквите инциденти на етничка основа им одговараат единствено на СДСМ за да го прикријат неуспехот, кои пак се подготвени да го сторат тоа и по цена на човечки животи.

Ова не е едностран инцидент, ниту е нов инцидент, нешто што не е забележано досега. Институциите мора да имаат предвид и да реагираат и да превенираат и да ја осудат и пошироката слика на пример од стадионите во Чаир и во Тетово каде што исто така има сериозно прекршување и сериозно испраќање на порака, говор на омраза. Уште еднаш порачуваме дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и не поддржува говор на омраза, но ова е пошироко општествен проблем за кој што мора да се работи на превенција, а не СДСМ да има корист од истиот,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија