ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ фингираат кавга?!

Од:

Дали навистина пука во владината коалиција, или се работи за сценарио на Груевски и Ахмети.

Како што објави порталот  Охридскај , две недели пред Груевски да замине на одмор ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договарале операција, како што пишува за  симулирање на  судир меѓу коалициските партнери.

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, дознава порталот,  овие разговори ги продолжиле  на Халкидики, а оваа фингирана кавга со кревање на патриотските чувства била потребна поради рејтингот на Груевски и Ахмети.

Според порталот, биле формирани партиски тимови  за да отпочнат екстремно националистички меѓусебен вокабулар ,  кој би довел до  предвремени избори во ноември.

Ова, пишува,  било за да се пресретне притисокот на ОБСЕ и изборите да се распишат пред имплементирање на нивните сугестии за фер и демократски избори, а пред се неопходното прочистување на избирачкиот список и притисокот за спроведување на пописот..

Како што велат извори на порталот, и Ахмети и Груевски , биле убедени дека СДСМ „ќе наседне“ на идејата за предвремени избори, без да понуди или да се обиде да формира „широка“ влада.

Охрид Скај дознава дека сепак нема ништо да се случи само заради тоа што , како што велат,  ДУИ и ВМРО ДПМНЕ нема да добијаат зелено светло за избори ,а доколку ДУИ излезе од колаицијата, ЕУ дипломатите ќе вршат притисок за „широка влада“ ,  која на коалициските  партнери воопшто не им одговара.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он