ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните кажаа дека сакаат правдина, Сиљановска ја доби мнозинската поддршка

Од:

„Вчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните.

Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени.

Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши.

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски.

Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг.

Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се обединиме во вториот круг и да го нанесеме финалниот удар за пад на власта.

Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски