ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ја паметат СДСМ по затворањето 684 фабрики и отпуштените над 200.000 луѓе

Од:

Единствената активност во економијата по која што граѓаните ја паметат СДСМ е затворањето на 684 фабрики и избркани над 200.000 луѓе на улица, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

– Да потсетиме дека СДСМ, покрај другите штети кои ги направи, ги зголеми даноците за промет на станови, лекови и ортопедски помагала, медицински потрошен материјал, енергенси, електрична енергија, огревно дрво, со што овие суштински производи за граѓаните драстично поскапеа. СДСМ исто така не превземаа никакви мерки за подобрување на бизнис климата, а единствено повластици за водење бизнис имаа партиската олигархија на СДСМ. Во време на СДСМ не се отвораа странски инвестиции, а и оние малкуте кои беа заинтересирани како Ауди, Владата на СДСМ ги бркаше, се со цел поранешниот општествен имот без пари да си го распределат меѓу себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, денес состојбата е сосема различна бидејќи се реализираат низа активности во континуитет, со кои се создава подобра бизнис клима во државата, што велат, го потврди и Светска банка во својот извештај Дуинг Бизнис дека Македонија има направено огромен напредок, од 96 позиција во 2006 година (во време на СДСМ) до 30 позиција за 2015 година (во време на ВМРО-ДПМНЕ).

– Фактите, бројките, статистиката, податоците, извештаите на меѓународните институции, ја говорат вистината, а таа е дека во време на СДСМ македонската економија и стандардот на граѓаните одат надоле, а во време на ВМРО-ДПМНЕ македонската економија и стандардот на граѓаните одат во нагорна линија.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“