ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Од:

СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот. Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори. Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал. СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Горан Наумовски