ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Наместо да ја манипулирате јавноста време е да понесете одговорност за непотизмот

Од:

СДСМ се обидуваат да ја замајуваат јавноста со лаги и манипулации со цел да се оттргне вниманието од бесрамниот непотизам кој што се случува кај врхушката на СДСМ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Секој ден јавноста дознава за нови случаи каде што функционери од власта си ги вработуваат мајки, сестри, браќа и други роднини во државни институции управи, за големи хонорари повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.

Како е возможно токму овие роднини на функционерите во услови кога има толку голем број на невработени особено млади да бидат или единствени кандидати или најдобри кандидати за тоа работно место.

СДСМ наместо да ја убедува јавноста дека изминативе две години ВМРО-ДПМНЕ е на власт, треба да побара оставка не само од вработените преку непотизам, туку и од нивните функционери кои влијаеле за тоа работно место.

ВМРО-ДПМНЕ не ги вработи синот на Мира Дизел, сестрата на Асаф Адеми, ќерката на Талат Џафери, синовите на Грчев и Фрчкоски, а ниту блиските на градоначалниците на Прилеп, Берово, Неготино и уште стотици такви примери.

Наместо да ја манипулираат и замајуваат јавноста време е СДСМ да понесат одговорност за непотизмот кој што се шири како епидемија во нивните редови“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема