ВМРО-ДПМНЕ: Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи предлог амбасадор или не и на колку места

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ бараат Бујар Османи и Али Ахмети да одговорат дали Теута Арифи требало да биде амбасадорка или не, и на кои места.

„СДСМ и ДУИ продолжуваат да ја бламираат државата, Османи да каже на колку места се обиде да ја направи Теута Арифи амбасадор, па ја вратија.

По Вашингтон, Анкара, Теута Арифи не ја сакаат ниту во Брисел. Но прашањето е што толку го задолжила Арифи СДСМ и ДУИ за овие и покрај сите одбивања упорно да сакаат од истата да направат амбасадор.

Можеби Османи сака да го сокрие срамот, но го издаде Ахмети, кој кажа дека Теута Арифи била во игра за амбасадор.

Очигледно никој не им кажал дека во САД, Турција и ЕУ, не сакаат политичари и амбасадори кои држеле на платен список неколку стотици лица без да одат на работа. Ниту пак поминуваат политичари кои правеа матни дилови како тој со Миодраг Давидовиќ Дака.

Арифи очигледно може да продолжи да биде функционер само во ДУИ, или ако Ковачевски по налог на Ахмети ја именува во влада како утешна награда.

Уште по фрапантно е што некои политичари не можат да сфатат дека нивното време помина, дека со години го лажат народот, прават матни зделки и ја уништуваат иднината на поколенијата кои допрва треба да дојдат. Арифи, заедно со СДСМ и ДУИ сега се одбиени од Вашингтон, Анкара и Брисел, а наскоро и од македонските граѓани на следните предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот