ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Од:

Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите. Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази