Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Од:

Со барање медиумите да бидат внимателни кога објавуваат вести, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја убедуваше јавноста дека ексградоначалничката на Тетово, Теута Арифи, никогаш не била предлог за амбасадор. По низата критики на сметка на Арифи и МНР, Османи рече дека граѓаните биле жртва на лажни вести и достоинството на ексградоначалничката.

„Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара. Вчера беа објавувани информации без да се бара став од МНР. Немало размислување, предлог, ниту одбивање. Ниту предлог во Вашингтон. Немало формализиран предлог за во Брисел, имало само размислувања. Три дена се споменува име, места, дека се одбиени агремани, и покрај тоа што пуштивме соопштение, за второто не бев прашан, така да, да внимаваме, во однос на споменување на имиња. Јас не можам да коментирам имиња, но бидејќи беше спомената Арифи, да кажам дека немало таков предлог“, рече Османи.

Тој посочи дека кога влегле во политиката, како политичари, биле свесни дека ќе бидат жртви на лажни вести.

„Ве замолувам да внимаваме, затоа сум толку транспаретен, ние работиме со луѓе. Важно е кога луѓето ги ставаме на тапет без проверени информации“, кажа Османи.

МНР досега секогаш се повикувало дека предлозите за амбасадори и конзули се тајни и не можат јавно да се презентираат додека не бидат официјални. Бидејќи предлозите се верифицираат на затворени седници на Влада, јавноста никогаш нема увид кој се испраќа да ја претставува Македонија, а кој не е прифатен од земјата каде бил пратен да извршува функција.

Би можело да ве интересира

Османи – Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

Ана Ололовска

Ковачевски мислел на политичари, а не на политиката на Бугарија кога премиерот ја спореди со Русија

Орце Костов

Османи: Потребна е стратешка решеност за забрзана интеграција на регионот во ЕУ

Ана Ололовска

Османи на интервју со Рикер: Дипломатијата е и работа со луѓе на терен, не само преговарање на маса

Ана Ололовска

МНР му одговори на Ковачев: Европратеникот патувал заедно со лица кои биле ризик за МВР, затоа бил вратен од граница

Орце Костов

Бугарското МНР реагира поради забраната за влез на петмина бугарски државјани