ВМРО-ДПМНЕ бара Ковачевски во Собрание да ги покаже документите од преговорите со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати барање до премиерот Димитар Ковачевски во текот на месецот да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт-документите за кои што Владата преговара со официјална Софија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја нагласи потребата од разгледување на прашавањата низ заеднички и инклузивен процес.

„Ова го баравме од премиерот Ковачевски бидејќи самите по кодексот на Владата напоменуваа во членот 1 дека носителите на извршни функции редовно ќе даваат отчет пред Собранието, но исто така и го бараме врз основа на членот 68 од Уставот каде што Собранието има уставна надлежност да врши политичка контрола над извршната власт. На крајот на краиштата, македонско-бугарските односи и најважните документи во овие билатерални релации, како што е договорот за добрососедство, веќе имаме установена пракса од 2017 година кога тогашниот премиер со високи претставници од МНР побара да имаме седница на Комисијата за надворешна политика и истата да биде затворена и на барање на пратениците, таа се случи каде што се разгледа нацрт-договорот за добрососедство потпишан во 2017 година помеѓу Македонија и Бугарија“, рече Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ очекува позитивен одговор од Ковачевски. Милошоски рече дека доколку премиерот вистински се залага за принципите за инклузивност, на отчетност и на заедничко работење на сите институции, вклучително и на пратениците како народни избраници, за доброто на државата треба да поразговара на една седница за најновите нацрт-документи кои што Македонија веќе ги преговара со официјална Софија.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати