ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за законите кои ги предложи за намалување на ДДВ и на акцизите

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес поднесе барање до Претседателот Талат Џафери, за закажување итна седница на која на дневен ред ќе се најдат законите кои што ги поднесовме до Собранието. Тоа се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи соопшти координаторот на пратиеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

– Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро со оглед на тоа што секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за годивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Владата знаејќи каква штета ќе предизвика со укинувањето на антикризните мерки предизвика вртоглав раст на цените на горивата и основните продукти и додека многу влади во далеку поразвиени држави водедуваат дополнителни мерки за нивните граѓани да не трпат големи загуби, нашата Влада и Димитар Ковачевски мува не ги лази за граѓаните рече Мицевски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија„ вчера поднесе два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина