ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Од:

Левица е во паника. Наместо ВМРО-ДПМНЕ, како што планираа, трагедијата во Кочани ги фрли во сенка токму нивните блиски сојузници, оние од поранешниот картел на власт на СДС и ДУИ. Па сега, кога им се распаѓаат сите конструкции, остана само нервозата и деструкцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме: Димитар Апасиев лично беше советник на најблиските соработници на тогашната СЈО, и на истиот тој Коцевски, кој денес го води случајот за Кочани. Сите тие завршија неславно: СЈО се распадна под тежината на корупцијата и рекетот, а Катицa Јанева отиде во затвор. Но сите беа инволвирани. Апасиев беше дел од истиот тој систем.

Го повикуваме Апасиев јавно да каже:

– Колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

– Дали и денес му даваат инструкции за тоа кој да биде мета, а кој заштитен?

– До кога овој неуротичен лик ќе глуми лудило и ќе мисли дека може да ја манипулира јавноста потценувајќи ја?

Да не заборавиме: Апасиев беше дел од хорот што со песна го донесе Заев на власт, за потоа да добие улога – да глуми лажен патриот и да собира гласови од десницата. Но тоа сценарио одамна е прочитано. Квази-русофилот Апасиев е политичка и морална нула, со рејтинг бетонски зацементиран на 4.5%.

Неговиот пат низ анти-македонски невладини, неговото соучество со СЈО, и неговите драми со фрлање на кондоми по институции, не можат да се избришат со неколку ефтини настапи. Вакви инфилтратори и предавници низ историјата секогаш имало. Но народот денес е мудар, искусен и одлучен, и добро ги распознава нервозата и лицемерието на советникот на Катицa Јанева: Димитар Апасиев, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ