ВМРО-ДПМНЕ 341.255 гласови, СДСМ 117.076 гласови од 83% обработени гласачки места

Од:

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 82,43% од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 341.255 (42,75%), Европски фронт на ДУИ 115.111 (14,42 %), Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 117.076 (14,67%), а Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 90.850 (11,38%).

Лавица има 54.842 гласови, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 41.670 гласови. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

Во Првата изборна единица има 313.183 гласачи, во Втората 321.087, во Третата 275.034, во Четвртата 278.721, во Петата 310.216 и во Шестата изборна единица 317.109 гласачи.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски

ДИК разрешени избирачките одбори во две избирачки места во Шуто Оризари

(ВИДЕО) ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7