ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Од:

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со две нови партиски фотелји, потпретседател и шеф на кабинетот на Али Ахмети. Во ДУИ, очигледно, за пораз не се одговара, туку поразените се наградуваат, велат од ВЛЕН.

– Истата приказна се повторува и во Арачиново, Боговиње, Теарце, Струга, Желино и Сарај. Ги изгубија изборите, но никој не се тргна, никој не одговараше и никој не ја пушти фотелјата. Муабетите за легитимитет и барањата за предвремени избори им се само за по дома, за да ги држат во кондиција истите фотелјаши и да им продаваат надеж дека уште малку ќе се вратат на власт за повторно да крадат. Но, тие приказни веќе не поминуваат ни во Мала Речица.

Во ДУИ добро знаат дека пред неполна година Албанците со глас ги исфрлија од сите општини со албанско мнозинство и дека секое ново соочување со граѓаните за нив значи уште една шлаканица. На следните избори граѓаните ќе ја довршат работата и ова нереформирано раководство, кое функционира како политбиро, ќе го испратат право во политичка пензија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива