ВЛЕН: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

Од:

Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците реагираат од Движењето ВЛЕН на последното соопштение испратено од Алијанса за Албанците на Села.

– Броењето ресори со кои раководат Албанци е концепт кој не донесе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок. ВЛЕН добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за Албанскиот народ. Ќе го води собранието на РСМ и шест министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците. Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт, се вели во соопштението од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Мемов се дообјаснува: Ставот за ВРЕДИ бил лично негов, не на ЗНАМ

Катерина Ѓуровски

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

ВРЕДИ: Најостро ги осудуваме сите форми на закани и говор на омраза кон новинарите

А1он

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание