• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Власта и опозицијата и натаму на своите позиции за законот за ЈО

by А1он02/09/2019 - 08:1702/09/2019 - 11:40247
Share0

Нема приближување на ставовите ниту најава за нова средба меѓу власта и опозицијата, а неизвесно е и денешното продолжение на седницата на Комисијата европски прашања за Законот за јавното обнивинителство.

Добивај вести на вибер

Камен на сопнување, како што вели министерката за правда Рената Дескоска, останува статусот на предметите на СЈО. Во четвртокот почна седницата на Комисијата за европски прашања на која се разгледува законот за јавно обвинителство. Притоа беа усвоени десет амандмани, а претседателот на Комисијата, Артан Груби рече дека претстои усогласување на работните групи за преостанатиот 41 амандаман.

Власта и опозцијата вчера повторно си упатија меѓусебни обвинувања за тој кој е виновен за кочењето на законот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини министерката за правда дека е основната пречка што преговорите за законот за јавно обвинителство не се завршени.

-Планот Б е правно погрешен и тоа е само во услуга на неправдата, односно се прави услуга на неправдата во Република Македонија. Јас навистина жалам што министерката за правда на моменти се претвора во министер за неправда и човек толку полн со омраза и гнев кон ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата јас не сум сретнал досега дури и да бил тоа висок претставник или активист од редовите на СДСМ, што во секој поглед гледа да ги минира преговорите конкретно за законот за јавно обвинителство и практично таа е основната пречка што можеби досега тие преговори не завршија, рече Мицкоски.
Дескоска, пак, му возврати да си погледне во сопствениот двор и да се праша какви позиции застапува неговата партија во разговорите за законот. Според неа, изјавата на Мицкоски е крик на немоќ, крик на фрустрација, бидејќи вистинската намера на нивните позиции во однос на законот за јавно обвинителство е разобличена.

-Се додека истакнуваат барања кои значат рушење на правната држава и амнестија за криминалот – тие барања нема да поминат… Во интерес на вистината морам да кажам дека целиот наш четворочлен тим е апсолутно обединет во бранењето на црвените линии – правда и правна држава, што ја прави мојата позиција како водач на тимот многу комотна. И на крајот: Мицкоски, размислете добро уште еднаш дали вреди интересите на Вашиот лидер зад сцената да ги ставате пред интересите на граѓаните, пред исполнување на нивната потреба за правда и правичност и желбата за евроинтеграција! Времето истекува“, истакна Дескоска.

Од СДСМ велат дека, сепак, се оптимисти и се надеваат дека ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Според нив, најдобро посакувано решение е законот да се изгласа со консензус на собраниската седница која според најавите треба да се одржи на 10 септември. .

Од партијата велат и дека доколку не се постигне договор, тогаш Советот за јавни обвинители согласно законот треба да назначи в.д. специјален јавен обвинител, а не е исклучена можноста да се одржи и лидерска средба.

josjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов10/02/2022 - 11:5910/02/2022 - 16:53

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен