Владата не ја коментира колумната на Ахмети

Од:

Владата не ја коментира колумната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети напишана во дневниот весник „Дневник“.

„Владата посебно не расправа ниту пак коментира за колумни или определни јавно искажани ставови. Се разбира дека тоа е колумна којашто е напишана од претседател на голема политичка партија. Ние не би можеле посебно да ја коментираме, но би можеле посебно да ги соопштиме позициите на владата кои се повеќе пати истакнати.

– Ние сме максимално посветени, покажуваме силен активизам и одговорен однос кон европските и евроатлански интеграции на Македонија. Дека сме силно фокусирани кон исполнување на сите европски и евроатлански стандарди и надминување на сите отворени прашања коишто стојат на патот на европските и евроатланските интеграции согласно принципите и процедурите кои се јавно искажани и државните и национални интереси на Македонија“ изјави Георгиев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата