Владата одлучи ГТЦ да биде обложен со барокна фасада.
Одлуката е веќе објавена во Службен весник. Со ова продолжува контроверзниот проект „ Скопје 2014“ во чии рамки е измена на ликот на Градскиот трговски центар.
Владата остана глува на барањата на архитектите, уметниците и граѓаните, да се остави автентичниот изглед на ГТЦ. Битката трае веќе три години.
Градскиот трговски центар е изграден според проектот на архитектот Живко Поповски и група негови колеги. Авторот има оставено аманет да не се менува ликот на објектот и градскиот трговски центар да остане градски.
Пред една година беше организиран и референдум на кој повеќе од 90 проценти граѓаните кои се охрабрија да излезат на гласачките места и покрај притисокот од власта, кажаа „не“ на барокното руво на ГТЦ.