Владата на Србија усвои заклучок за користење на името Северна Македонија, а врз основа на известувањето од македонската влада упатено до сите членки на ОН.
– Ако се има предвид дека Србија има добри односи со оваа соседна земја, и дека дека промената на името е спроведено на правно валиден начин, Владата на Србија ја констатира промената на името и во идната комуникација ќе се користи името Република Северна Македонија или скратеното име Северна Македонија, стои во соопштението на српската влада.