Високи функционери во МВР ги убедуваа жителите на Студеничани да не пукаат по свадби

Од:

Денеска во општина Студеничани се одржа вонредна седница на Советот на општина Студеничани, на која присустуваа градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево Миле Трифуновски. На седницата беше разгледана безбедносната состојба во општината, која е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување, соопшти МВР.

Особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

Советот на општина Студеничани, градоначалникот и МВР ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

Ваквите активности на МВР во наредните денови ќе продолжат и во другите општини, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он