Висар Ганиу најави нов проект „Спреми се за работа – Чаир те препорачува“

Од:

Кандидатот на Демократската унија за интеграција за градоначалник на општина Чаир Висар Ганиу, презентираше план на три нивоа за решавање на проблемот со невработеноста, што според него е еден од приоритетните проблеми.

– Почитувани чаирчани, сакам да ви кажам дека ќе работам без да се штедам себеси, но и очекувам резултати од овој тим и од сите вработени во Општината. Тие резултати треба да бидат реални. Очекувам дека овие мерки за вработување до крајот на мојот четири годишен мандат, ќе допринесат во сериозно намалување на бројот на невработени во Чаир, изјави кандидатот за градоначалник на ппштина Чаир, Висар Ганиу.

Според Ганиу, покрај тоа што поголемиот дел од економските политки се во надлежност на централната власт, во иднина и локалната власт треба да преземе дел од одговорноста за да се смени моменталната ситуација.

– Првиот дел се однесува на основање на Претпријатие за комунална хигиена, со приоритет за вработување на чаирчани, особено тие кои припаѓаат на пониските социјални слоеви. Втората точка се поврзува со зголемување на ангажманот за реализација на проектите, кои во индиректна форма ќе помогнат во економскиот развој на општината. Предност преставува и отварањето на Универзитетот Мајка Тереза. Поттик за отварање на нови работни места ќе бидат и проектите за заживување на Чаршијата и подобрена инфраструктура. Третата мерка е најважниот дел од проектот за невработените лица, кој Висар Ганиу го нарекува „Вработување во Чаир”. Оваа мерка опфаќа изработка на две дата бази за невработените лица, со акцент на младите, кои во првите сто дена од неговиот мандат ќе се евидентираат во базата на податоци. Секој ден, лицата кои бараат работа ќе добиваат информации за слободните работни места. Воедно ќе се отвори и интернет страна „Вработување Чаир”, каде секојдневно ќе се прибираат сите огласи кои се објавуваат во разните службени и комерцијални интернет страни, се вели во соопштението на ДУИ.

Со проектот „Вработување во Чаир”, како што информираат, ќе се ангажираат менаџери и експерти за човечки ресурси кои ќе се занимаваат со организирање на квалификации, разни курсеви, асистенција во подготовка на CV, кандидати за интервју за работа и друго, со финансирање од општината.

Општината ќе помогне во изработка на проектите за користење на фондовите за старт-ап, самовработување, аплицирање во меѓународните тендери, фондации и друго.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески