Викендов целиот Балкански полуостров е во очекување на првиот снежен бран. Иако во наредните три дена нè очекува сончево и топло време, веќе од сабота ќе шетаме со чадори и потопла облека.
Балканот ќе биде под влијание на студена и воздушна маса, која ќе донесе врнежи од дожд и снег и пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат и во пониските предели.
Македонија во сабота ја очекува облачно време со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите.
Врнежи од снег, во текот на ноќта се очекуваат на планинските предели над 2500 метри.
Во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите. Врнежи од снег се очекуваат на висина од 2000 метри надморска висина.
Утринските викенд температури ќе паднат под 10-тиот степен, додека максималните дневни ќе бидат до 20-тиот.
Српските и хрватските медиуми исто така информираат за заладувањето кое нè очекува. Студениот северен бран најпрво ќе ги зафати Словенија и Хрватска, а потоа ќе се спушти кон Србија и Македонија.