Утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата. Во недела и понеделник, исто така, ќе биде врнежливо со локални грмежи, а температурите ќе бележат пад од 4 до 5 степени.
– Во текот на утрешниот ден ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да бидат поројни и проследени со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер. Дневната температура ќе опадне за околу два степена и ќе биде во интервал од 21 до 27 степени, соопшти денеска УХМР.
Оттаму информираат дека во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и оти ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата за 4 до 5 степени во споредба со утрешната и ќе се движи од 16 до 23 степени.
Локален дожд со услови за ретки грмежи се очекуваат и во текот на следната работна недела, кога поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст.