Викендот локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Локално невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења и услови за појава на град, најавува за претстојниот викенд Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во попладневните и вечерните часови наместа ќе има услови за појава на невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, особено во источните и југоисточните подрачја на земјава. УВ индексот ќе биде 7, а температурата ќе се движи од 10 до 32 степени.

В недела попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 6, а температурата ќе се движи од 11 до 28 степени.

Во почетокот на наредната недела ќе настапи стабилизација на времето со пораст на температурата на воздухот.

Во понеделник времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. УВ индексот ќе биде 7, а температурата ќе се движи од 9 до 30 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска