Истражителот од пред УБК замина со обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска. Тие добиле уверување од министерот Оливер Спасовски дека комјутерите вечерва се безбедни и нема никој да може да изнесе опрема од зградата.
Го повикавме министерот и добивме уверување дека обезбедување на МВР ќе се погрижи за безбедност на објектот вечерва и во текот на утрешниот ден, се надеваме дека се работело за недоразбирање со УБК и во текот на утрешниот ден тоа ќе биде надминато.
Добивме сигурни уверувања дека во текот на ноќта нема да се случи ништо, нема да има никакви изнесувања на опрема од кругот на МВР, а за тоа ганрантира самиот министер, рече Ристоска.
Таа потврди дека и едниот и другиот истражител вечерва заминуваат со нив во канцелариите на СЈО.