ВИДЕО: Златна сирена на кејот на Вардар

Од:

Златна сирена денеска се поставува на барконата галија кај Мепсо. Сирената стои на задниот дел на галијата, на крмата и е со златна боја.

Инаку, според некои легенди, се верувало дека сирените треба да се убијат зашто им носат  несреќа на морнарите, а ако сирената преживеала, ќе ја врзеле на предницата на бродот за да се исуши и да умре. Нејзиното тело се оставало како украс и како предупредување за другите сирени.

Само пред неколку дена, барокната галија доби и едра. Веројатно сирената е завршница на конечниот изглед на објектот.

До бродот води мал метален мост, на влезот е поставен натпис „Ројал Македонија“ , кој е предвиден за угостителски објект.

Надворешниот дел од галијата е украсен со мали столбови, а средишниот дел е обоен во црвена боја, а прозорите се украсени со златни елементи кои треба да потсетуваат на барокен стил.

Во реката Вардар се градат три од најавените четири галии, а според Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, дозволена е изградба на вкупно шест вакви бродови.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот