ВИДЕО: Жители на Кочани се жалаат на опасна загаденост што доаѓа од фабриката „Пејпер мил“

Од:

Иритација на очите,неподнослив мирис на сулфур и воздух од кој во устата останува вкус на киселина, веќе две години се последиците што ги живеат граѓаните на Кочани. Состојбата со загадувањето особено ја чувствуваат оние кои живеат непосредно до фабрика за рециклажа на картонска отпадна хартија „Пејпер мил“. За А1 он, сведочи Антонио Тасевски, кој живее на 100 метри оддалеченост од фабриката и вели дека последиците од штетните емисии на фабриката стануваат драстични.

Во видеото кое е снимено утрово се гледа црн чад кој излегува од оџакот на фабриката. Чадот се зголемува секогаш во попладневните часови и во текот на ноќта, вели Тасевски.

-Веќе две години се сомневаме дека оваа фабрика од која не знаеме дали излегува готов производ, не труе и отвора сомнеж дека во неа се согорува опасен отпад. Очите не печат, а мирисот на хемикалии е постојано присутен. Алармиравме до надлежните институции, но не добивме задоволителен одговор, вели Тасевски.

Минатата недела увид направиле од Државниот инспекторат за животна средина, но за крајните резултати од испитувањето, решение може да се даде само од Министерството за животна средина. Дозволата за работа која ја поседува фабриката е „А интегрирана дозвола“, за која е надлежно министерството, додека инспекторатот може само да издаде препорака според извршениот увид.

Според сведоштва на жителите, се случувало и комбиња од скопската депонија Дрисла да влегуваат во дворот на фабриката, преку ден согорувањето се намалува, но попладне и во текот на ноќта тоа се засилува. Освен воздухот, жителите сметаат дека е контаминирана и почвата во околина на фабриката а во една од реките, притока на реката Брегалница која тече близу до фабриката, повеќе нема никаков животински свет.

-За време на викендите е неподносливо. Ова континуирано труење од речиси две години, се сомневаме дека е причина и за зголемениот број на онколошки болести што се јавуваат дури и кај деца. Надлежните мора да преземат нешто пред да биде премногу доцна, вели Тасевски.

Пред еден месец првиот човек на општина Кочани, Николчо Илијев побарал од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат да утврдат дали фабриката за хартија „Пејпер мил“ работи согласно еколошките стандарди.

Општина Кочани побарала од Државниот инспекторат за животна средина да утврди дали фабриката за хартија „Пејпер мил“ ги почитува стандардите за работа, согласно „А интегрираната дозвола“. Од локалната власт сметаат дека чадот, кој излегува од фабричкиот оџак не е од користење на метан за загревање на котелот, зошто се користеле пелети. Обврски на оваа фабрика е да има и пречистителна станица.
Фабриката „Пејпер мил“ имала обврски пречистителната станица за отпадни води да ја изгради до 2019 година, но досега тоа не го направила. Илијев бара одговорност и реакција од Државниот инспекторат за животна средина.

На сајтот на оваа фабрика пишува дека таа е една од најстарите фабрики во Македонија. Основана е во 1963 година.

„Веднаш по нејзиното повторно отварање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети, поради нејзиниот престанок на работа претходните години. Од моментот на приватизација на фабриката, па се до денес во неа се вложени околу 4 милиони евра. Акцент се стави на квалитетот на производите како и зголемување на капацитетот. Посебен пристап беше направен кон чистите технологии и адаптација за рециклажа. Денес фабриката работи 100% рециклажа со модерна пречистителна станица и користи метан како основен енергенс. Фабриката поседува „А ИСКЗ дозвола“ од Министерство за животна средина, како и неколку сертификати за квалитет и екологија. Капацитетот е доволен за рециклажа на целата картонска отпадна хартија на ниво на Македонија. Моменталниот капацитет е 14400 тони годишно. Веќе се направени проекти за триплицирање на овој капацитет“, пишува на сајтот.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски