(ВИДЕО) Жерновски и Макрадули: Во Капиштец ќе изградиме училиште и градинка

Од:

Во  изборната  програма на кандидатот за градоначалник на општина Центар од „Сојузот за иднината“, Андреј Жерновски, посебено место ќе имаат младите, нивната безбедност, образование и исхрана.

„Она што го ветувам е изградба на ново училиште и градинка во Капиштец. Недозволиво е населба со 10.000 жители да нема основно училиште. Берово со 9.000 жители има 4 основни училишта ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар на власт е 13 години.Во изборната програма ветија училиште, а дури сега пред избори навеле дека ќе градат . Колкава е  несериозноста на актуелниот градоначалник  се гледа од податокот дека за првата година од оваа инвестиција предвидел, таа  да изнесува само 5%“, рече Жерновски.

Тодоровиќ, потсети Жерновски, вети во програмата и градинка, но ни тоа не се случи. Поразителен е фактот, потенцираше, што во цела Македонија за 20 години има само една градинка.

„Ние во април месец ќе почнеме со изградба на градинка во општина Центар“; вети кандидатот за градоначлник на Центар, Андреј Жерновски.

Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје, како родител и иден градоначалник се обврза во сите општини каде ќе има иницијатива од градоначалниците и кои ќе покријат 50% од трошоците за изградба на градинки, општина центар да  финансира уште 50%.

„Ние како градоначалници ќе вложуваме во иднината на нашите деца во Скопје“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он