ВИДЕО: Жалните врби наместо во вода – во ѓубре

Од:

Трите жални врби, уметничко дело на скулпторката Искра Димитрова кои се поставени во Вардар, меѓу Камениот и мостот „Око“, наместо со вода – сосема се обиколени со ѓубре. Бетонските постаменти на трите врби наречени Вера, Љубов и Надеж се високо над нивото на водата односно на отпадоците што ги опкружуваат.

Проектот „Скопје 2014“, иако уште незавршен веќе покажува знаци на распаѓење – позеленети споменици, распукани споменици, стиропор наместо бетон. Со ова почнаа да се остваруваат предупредувањата на експертите градежници и архитекти дека овие градби се скапи само на хартија, но се изработени од исклучително неквалитетни и евтини материјали и дека со текот на времето ќе се распаднат.

Врбите во Вардар беа поставени во април 2012 година. Тие беа една од првите скулптури поставени како дел од проектот „Скопје 2014“ и предизвика контроверзи заради сумата од 250 илјади евра колку што чинеа, а за кои, според отчетот на Министерството за култура, на авторката и’ биле исплатени околу 30 илјади евра, кое што, потоа таа го негираше и тврдеше дека добила авторски хонорар од 500 евра.

Одржувањето на спомениците од Скопје 2014 од 1 јануари го презеде Град Скопје.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот