(ВИДЕО) Запалена гостилница на активисти на СДСМ во Битола

Од:

Околу 4 часот изутрина непознати лица ја скршиле вратата на сендвичарата Комерц Тиск (позната како кебапчилница Грозд) ја извадиле плинската боца го потуриле објектот со бензин и го запалиле.

Случајот е пријавен во Битолската полиција. Сузана Китановска, сопственик на сендвичарата, како причина за палењето на објектот смета дека е поради активноста на нејзините синови во СДСМ, бидејќи се нема замерено со никого ниту пак должи некому, па затоа не гледа друга причина за овој вандалски чин.

Во ова невреме кога сите се бориме за корка леб,кога народот нема пари, кога стопанствениците немаат промет и се борат за дофатат за секој еден денар со цел да се соберат пари за придонеси и режиски трошоци без да бараат никаква помош од никого,па дури и не сакаат да бидат на товар на државата им се случуваат нешта кои ни самите не можеме да ги објасниме.

ОДРАЗ ги повикуване сите партии во Р.Македонија да се оградат од овој немил настан и од сите останати настани во контекст со овие проблеми. Исто така сакаме да се солидаризираме сите и да и помогнеме на Сузана и незинотот семејство на која преку ноќ и се смени животната судбина.

Ние не сме топовско месо и не сме предмети кои можете да ги употребувате како сакате, туку сме луѓе, живи суштества и не треба да не користите за политички цели за да дојдете на власт.
Апелираме да надвладее разумот бидеќи во недела животот не завршува, туку од понеделник ќе треба да се сретнеме на улица и животот треба да тече нормално бидеќи не завршува со денот на гласањето. Немојте во ова невреме да ги правите нашите судбини уште потрагични бидеќи што повеќе страдаме ве уверуваме дека се повеќе се освестуваме.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618