По реакцијата на Скопје Сити Мол, дека фирмата Лендсервис пласира лажни конструкции за тоа дека Ромите не се пожелни како работници во одделот за храна во трговскиот центар, од фирмата Лендсервис, остануваат на ставот дека од нив се барало да ги отстранат сите Роми и дека Трговскиот центар сега не знае како да се извади од ситуацијата.
Во разговор со А1он, еден од менаџерите на Лендсервис тврди дека службениот мејл со протоколот за работа кој го поседуваат и сеуште го чуваат е доказ дека тоа е од нив побарано. Инциденти имало и претходно и однос кој не бил професионален, вели Зоран Зафиров еден од менеџерите на фирмата Лендсервис. Тој изјави: Не сакаа од ромска националност. Повеќе од видеото.
Од Лендсервис за утре ја најавија можноста за прес конференција и за детално информирање на јавноста. Денеска и поднесоа пријава во полиција поради како што велат синоќешните закани кои биле пратени преку телефон на еден од менеџерите, Благоја Анастасовски да не објавуваат во медиумите за протоколот за работа.
Денеска Скопје Сити Мол соопши дека „Лендсервис во јавноста ги пласира овие лажни конструкции поради фактот што ја прекинале соработката со оваа компанија. Поради исклучително нискиот квалитет на нивните услуги и бројните поплаки од посетителите и закупците на Скопје Сити Мол, соработката е прекината и на нејзино место е ангажирана друга компанија. Злонамерните и лажни обвинувања доаѓаат веднаш откако беше прекината соработката заради неквалитетните услуги на Лендсервис, рекоа од трговскиот центар.
Вчера за А1он еден од менеџерите на Сити Мол во телефонскиот разговор кажа дека е точно дека барале да се отстранат сите Роми поради тоа што имало многу кражби кои биле пријавени во одделот за храна.
Предраг Петровиќ