(ВИДЕО) Заев: ВМРО-ДПМНЕ побара да го заташкаме криминалот

Од:

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција по синоќешната лидерска средба, рече дека жали што синоќа не постигнале договор за Законот за јавното обвинителство.

Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството чиј што шеф ќе дојде на предлог од опозициската партија.

„Ги интересира да го спасат режимскиот криминал“, кажа премиерот пред новинарите.

Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот, рече Заев.

Премиерот спомна и дека виновници за недобивање датум за почеток на преговорите од ЕУ ќе бидат само лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата партија.

Заев кажа дека ја разбира реакцијата на новинарите кои синоќа ја напуштија средбата по долгочасовното чекање и одложените информации за тоа кога ќе има информација по одржувањето на лидерската средба, но како што рече работеле на тоа да се изнајде решение за проблемот.

Би можело да ве интересира

Во среда втора пресуда за бегалецот Горан Грујевски

Васко Маглешов

Заев: Меѓународна експертска комисија трајно ќе го реши брендирањето на производите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев на трибина во Велес: Македонскиот идентитет денес е обезбеден, признаени сме од целиот свет а соседите ни се пријатели

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Конвенцијата на Прогресивна алијанса во Стокхолм: Заев е прогресивен лидер за пример

Ана Ололовска

Дескоска: Јанева пред да биде разрешена испратила барање за буџет за СЈО

Ана Ололовска

Средба Заев-Пајат во Солун: Поддршка од САД за евроатлантската перспектива на земјава

Ана Ололовска