(ВИДЕО) Заев: Успешната завршница на имплементацијата на Договорот од Преспа е билет за членство во НАТО

Од:

Секоја средба со пријателите од САД е мотивација за наш уште поактивен придонес за мир и стабилност во земјата и во регионот, изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција со заменикот државен секретар на САД, Џон Саливан кој престојува во посета на земјата.

На средбата, на која од страна на Владата присуствуваа и министерот за надворешни работи Никола Димитров, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, како и членови на кабинетот на премиерот, Заев истакна дека оваа посета на висок претставник на администрацијата на САД, е уште еден доказ за постојаната и конструктивна поддршка на оваа земја за Република Македонија.

На заедничката прес-конференција по билатералната средба меѓу двете делегации, премиерот Заев потсети дека стратешкото партнерство меѓу двете земји постојано се афирмира со сите меѓусебни средби и посети на високо ниво.

„За време разговорот потенцирав дека во Република Македонија создаваме услови за политички амбиент кој ќе ја овозможи реализацијата на договорот од Преспа во целост, дека ги сведуваме ризиците на минимум и дека нема да ги препуштиме процесите на било каква случајност. Успешната завршница во Собранието на овој процес е нашиот билет за да членство во НАТО“, информираше за средбата на прес конференцијата премиерот Заев.

Тој на конференцијата за медиумите дополни дека на средбата со заменикот државен секретар Саливан станало збор и за актуелниот процес за уставните измени во Собранието, со чија успешна завршница ќе се забрза имплементацијата на договорот од Преспа, со што ќе се овозможи членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Владата на Македонија, рече премиерот Заев на прес конференцијата, паралелно со овој процес, со иста енергија продолжува со реформите во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација за да испорача кредибилни резултати со кои ќе се потврди одлуката на Советот на ЕУ за отворање на преговори за членство во ЕУ.

Осврнувајќи се на ситуацијата во регионот, премиерот нагласи дека Република Македонија останува цврсто на својата улога да биде фактор на поврзување меѓу земјите во регионот и да ги охрабрува лидерите на земјите од Западен Балкан да бидат посветени на одржување на мирот, стабилноста и регионалната соработка.

„Република Македонија е охрабрена и инспирирана од секоја средба со нашите пријатели од САД. Остануваме во тесна соработка за исполнувањето на нашата стратешка цел да станеме членка на НАТО и ЕУ, за да продолжиме уште поактивно да придонесуваме во евроатлантските структури за мир, стабилност и просперитет на сите нации кои се дел од истото семејство“, рече Заев.

Џон Саливан на прес конференцијата нагласи дека неговата посета тука и средбите што ги остварува се во името на силната поддршка на САД за храбрите одлуки што ги презедоа и реализираа премиерот Заев и другите лидери во Република Македонија, како земја која претставува клучна алка за мирот и стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции против Русија

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски