(ВИДЕО) Заев: Стоиме пред најголемиот предизвик во историјата на нашата земја, да кажеме да за стабилна и сигурна иднина

Од:

Независност и слобода. Тоа се стремежите за кои нашиот народ се бореше низ славното минато. 8 септември 91., беше остварување на тој идеал, историски ден кога граѓаните, на референдум, избраа иднина во своја, самостојна и независна држава, рече премиерот Зоран Заев во видео-обраќање.

– Тогаш имав 17 години и знаев дека местото на Македонија е со западниот, со демократскиот свет, во Европа. Од тогаш поминавме низ многу тешки моменти, а некои од нашите најголеми соништа, до ден денес, останаа неисполнети. Народе мој, време е. Време е да бидеме храбри и да гледаме кон иднината. Денес, кога сите заедно стоиме пред најголемиот предизвик во историјата на нашата земја, имаме единствена можност да ја зграпчиме оваа историска шанса, овој втор референдум кој ќе ја зацврсти нашата независност и да кажеме да, за стабилна и сигурна иднина, за иднина во Европа, рече Заев.

Тој додаде дека на 30 септември, на референдумот, одлучуваме ние.

– Нашиот пат не е лесен, но добро знаеме што добиваме. Знаеме дека сме свои на своето, Македонци кои зборуваат признаен македонски јазик, граѓани кои се определуваат за подобар живот, со повисоки приходи, за добри работни места. Сето тоа во нашата убава Македонија, безбедна, сигурна, мирна, пријателска и стабилна. Европска. Во преговорите и со договорот ние ги зачувавме нашиот јазик и националност, нашата култура, ја зачувавме и нашата историја. Но, со успешен референдум ние како држава ќе ја осигуриме засекогаш и нашата иднина. Овој историски момент е поголем од нас, од нашите партии, кавги или лични интереси. За иднината на нашите деца се работи. Да излеземе сите на референдумот, за европска Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение