(ВИДЕО) Заев-Рикер: Партнерството со САД во НАТО е од огромно значење за просперитетот на земјата и за стабилноста на регионот

Од:

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска оставри средба со амбасадорот Филип Рикер, кој како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.

Заев на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.

Претседателот на Владата на средбата ја изрази благодарноста на Владата и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со ЕУ.

Во таа насока, Заев информираше, дека Владата сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.

Премиерот уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател.

На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.

Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно-атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски