(ВИДЕО) Заев и Рама од Пустец: Ги унапредуваме односите и низ грижа за малцинските права

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со неговиот колега, премиерот на Република Албанија, Еди Рама денеска беше во посета на општината Пустец.

Премиерот Заев, придружуван од потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за образование и наука, Рената Дескоска и министeрот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми заедно со албанскиот премиер Рама, кој беше придружуван од Дитмир Бушати, министер за Европа и за надворешни работи, Линдита Никола, министерката за образование и Пандели Мајко, министер за дијаспора, се сретнаа со жители на општина Пустец и реализираа повеќе заеднички активности.

Двајцата премиери, Заев и Рама, прво разговараа со раководителите, наставници и ученици во едно од училиштата во општината, С.У. „Трајан Горѓиовски и Митре Колевски“.

На средбата со премиерите и министрите на двете земји, учениците ги поздравија со рецитали на македонски и албански јазик. Тука премиерот Заев донираше книги и работни материјали за учениците, што ги поделија заедно со премиерот Рама.

Потоа премиерите Заев и Рама имаа заеднички состанок со преставници на општината Пустец, заменик градоначалникот и советниците, кои ги објаснија приоритетите за коишто очекуваат поддршка. Еден од нив е и реновирање на училиштето, за што премиерот Рама се обврза дека ќе биде реновирано, како и дека општината ќе добие поддршка во комуналните проекти и проектите за локален развој што беа посочени на средбата.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев изрази благодарност до премиерот на Република Албанија, Еди Рама, за грижата што ја покажува за граѓаните во Албанија со македонско етничко потекло.

„Ова е начин да ги отвораме и да ги решаваме прашањата. Присуството на двајцата први луѓе на извршната власт во Македонија и во Албанија, тука во Пустец е голема симболика за унапредувањето на односите меѓу двете земји, бидејки малцинските заедници се мостот на таа соработка, и грижата за нив е од големо значење“, рече премиерот Заев на состанокот.

„Се работи за две држави европски ориентирани, што се подготвени да ги негуваат малцинските права“, додаде премиерот Заев.

На состанокот со локалните власти во Пустец, премиерот Заев најави дека и Владата на Република Македонија ќе помогне во решавањето на прашањата што се од важност за жителите со македонско етничко потекло во Албанија.

Премиерот Заев и премиерот Рама заедно запалија и свеќи во црквата Свети Архангел Михаил во општина Пустец, каде премиерот Заев остави лична донација.

Жителите на Пустец беа во голем број излезени по улиците на Пустец и ја поздравуваа посетата на премиерите Заев и Рама во којашто гледаат перспектива за развојот на општината, како што соопштија нивните локални претставници, поради потенцијалот што го има местото, убава клима, Преспанското езеро.

Премиерот Заев, во рамки на работната посета на Република Албанија, синоќа се сретна и со преставници на сите здруженија на жители со македонско етничко потекло во Албанија од Преспа, Корча и од Голо Брдо, како и со претставници од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција.

На состанокот се разговараше за унапредување на употребата на македонскиот јазик во местата каде што живеат граѓани од македонско етничко потекло, како и за начините на коишто може да се унапредат културните, образовните, инфраструктурните потреби.

Присутните ја поздравија демократската определеност на премиерот Заев, грижата што ја покажува за нив, како и подготвеноста на Владата на Република Македонија за активна соработка, додавајќи дека со години не се случил ваков обединувачки состанок во присуство на премиер и министри од Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски