Во Пржино на последната од поединечните средби со еврокомесарот Јоханес Хан пристигна и лидеротна СДСМ, Зоран Заев.
Претходно на одделна средба со Хан беа и лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети кој на заминување кажа дека се уште нема никаков договор околу новите министри во владата.
По средбата со Заев, сите лидери на политичките партии ќе имаат заедничка средба со Јоханес Хан, по што е најавена изјава за медиумите.