(ВИДЕО) Заев: Потребен е Закон за јавно обвинителство, обвинителите да се бираат преку системски решенија, не преку политичари

Од:

Должни сме кон државата Законот за Јавно обвинителство да се најде пред пратениците пред распуштањето на Собранието, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарски прашања, додавајќи дека се надева дека Владата следната недела ќе го испрати до Собранието Предлог Законот и ќе се одржи и јавна расправа.

Претседателот Заев изрази уверување дека е можно да се најде решение и да се постигне неопходното мнозинство за донесување на Законот, а во однос на забелешките на опозицијата, тој истакна дека тие се конфузни.

– Јавните обвинители имаат право да конкурираат како сите, без некој некому да гарантира, за сите да важат подеднакви услови, тоа е нешто со кое ЕУ нема проблем и ние немам проблем. Но имаме проблем со прашањето политичари да именуваат обвинители, имаме проблем политичарите да ја одлучуваат иднината на предметите. Треба да го оставиме системот и со системски решенија да се бира државниот обвинител, обвинителот за организиран криминал и сите обвинители. Исто така, предметите сегашни, идни и минати мора да бидат осигурани. Самиот Закон предвидува осигурување на предметите, односно тие се веќе во судска процедура, и треба да имаме предвид дека за тоа треба да биде одлучувано независно, а не политичарите тајно да седнат и за тоа да одлучуваат, истакна Заев додавајќи дека решението треба да биде кристално чисто кое ќе гарантира владеење на правото.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?