(ВИДЕО) Заев: Одиме на брзи предвремени избори, граѓаните да одлучат по кој пат сакаат да одиме

Од:

Премиерот Зоран Заев на прес конференција во Владата предложи бези предвремени избори со цел граѓаните да одлучат по кој пат сакаат државата да продолжи да оди.

-Пред два дена во Брисел доживеавме голема неправда, ЕУ не го испорача тоа што го вети. Тоа што ЕУ не успеа да одобри преговори со нас е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери. Ние направивме се што можевме, сакам да се заблагодарам на огромното мнозинство европски лидери кои се бореа за нас. Факт е дека ние сме жртви на историска грешка на Евроспката унија, јас сум разочаран и лут и знам дека сиот народ така се чувствува, и тоа е за мене уште една лузна. За мене лично ова е исклучително лоша работа на ЕУ. Но тоа е одлука на ЕУ заради нивни нерешени внатрешни работи и ние не можевмне да ја промениме, но и тоа како сме одговорни за сопствените одлуки, кажа Заев.

– Сериозноста на актуелниот миг бара од мене сериозна одлука, поаѓајќи од уверувањата дека секој политичар треба да е одговорен ја преземам пред себе разочараноста на народот. Се исправам пред вас и порачувам- европскиот сон нема да биде срушен. Одговорно се исправам пред вашата одлука, потребен е вашиот став, додаде премиерот.

– Предлагам брзи предвремени избори, најбрзо што може на кои вие ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Ова ќе биде мојот предлог на средбата кај претседателот Пендаровски. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на европските вредности или да одиме по мрачниот пат на изолацијата и национализмот, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

ЕУ одобри заем за Украина и нови санкции кон Русија, Унгарија го повлече ветото

Горан Наумовски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба