Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во таа смисла тие „преминале сè што може да се премине“.

– Тие (земјите од ЕУ) преминале сè што може да се премине, па затоа нема смисла дополнително да се наведува, изјави Песков за порталот Вести, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската Комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен, која ја обвини Русија за инцидентот со беспилотното летало во Романија и изјави дека Москва „преминала уште една црвена линија“.

Песков оцени дека причина за сите проблеми е Украина и постапките на режимот во Киев, објави Спутник.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели