(ВИДЕО) Заев од Битола: Ќе успееме и ќе се гордееме!

Од:

„Никола Груевски, ај што се однесува како изгубен и во времето и во просторот, продолжува да лаже, незнаејќи како да излезе од кашата којашто тој ја замеша и ја загори. Па сега во конкретен криминал, ги турка оние шака поддржувачи, убедувајќи ги да го стават својот потпис на иницијатива за поднесување на пријава за велепредавство на Заев.

Барем чесно е да им каже зошто тие како МВР, тој како Груевски и Гордана Јанкулоска не поднесат кривична пријава за велепредавство ако има основ за тоа“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанскиот собир „Граѓаните заедно за вистината за Македонија“ којшто се одржа во Битола.

„Чесно е кога ги тераат луѓето да се потпишуваат со својот потпис, барем да им ја кажат странската земја, странската служба, па нека ги тераат после да го стават својот потпис. Треба да знаат истите тие наши сограѓани, дека времето одминува и не сме за еден ден. Но, ставањето потпис е истовремено доказ за она што Кривичниот законик го предвидува, лажно пријавување. Немојте да го слушате Груевски оти потписот ваш е истовремно доказ за лажно пријавување.

Ќе успееме, почитувани граѓани и немојте да имате скепса!

sdsmBitola (1)

Ќе успееме и ќе се гордееме и пред нашите деца и пред нашите внуци, дека сме биле на браникот на слободата, тогаш кога било потребно. Дека заедно сите сме ги вратиле слободата, демократијата и европските вредности во нашата земја“, изјави Заев.

„Зоран Заев не е велепредавник. Зоран Заев не сакаме ни да биде прогласен за херој. Херои сте вие, мој почитуван народе, кои заедно застанавте на браникот на татковината кога тоа е потребно, кога нашиот политички опонент и непријателот на државата со сите инструменти и механизми коишто му стојат на располагање се обидува до крај да ја дотолчи нашата земја.

sdsmBitola (2)

Херои сте вие, почитувани граѓани, кои не мислите на себе, затоа што мислите на иднината на своите деца. Херои сте вие, почитуван наш народе, затоа што се одваживте и застанавте во битката за слобода и демократија во нашата земја.

Затоа јас сум убеден дека ова веќе е јасно за секој.

sdsmBitola (3)

Ова повеќе не е битка политичка помеѓу СДСМ и опозицијата против ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на власт. Ова е борба на целиот слободарски народ со врхушката на власта и во оваа битка сите заедно мораме и ќе успееме“, рече претседателот на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески